Меѓународната асоцијација на аеродромите објави дека целосно закрепнување на воздушниот сообраќај се очекува до 2025 година.
Најновата прогноза покажува дека бројот на патници следната година ќе биде за девет отсто помал во однос на 2019 година и дека закрепнувањето сè уште „доцни“ бидејќи претходно беше најавено дека европскиот воздушен сообраќај би можел да се врати на тие резултати веќе во 2024 година.
Генералниот директор на ова здружение, Оливие Јанковец изјави дека превозниците догодина ќе претрпат загуби од околу 220 милиони евра.
- Минатата година имавме силен раст и воздушниот сообраќај беше отпорен на сите геополитички и економски проблеми. Сепак, целосно закрепнување и враќање на резултатите од 2019 година, која беше рекордна година во секоја смисла, може да се очекува во 2025 година - рече Јанковец, додавајќи дека војната во Украина и геополитичките тензии во Европа генерално ќе влијаат на овој пазар, како и инфлаторните притисоци ќе имаат негативно влијание врз побарувачката.
Според овие прогнози може да се очекува благ пораст на авио билетите. Зголемувањето на цените можеби ќе беше уште поголемо доколку нискобуџетните компании не продолжија да растат и да ја зајакнуваат понудата на евтини летови до сите дестинации.
Без оглед на овие прогнози, пазарите кои се потпираат на туризмот може да очекуваат добри резултати и може да го надминат бројот на патници како во периодот пред пандемијата.