Денеска официјално ќе биде пуштена во употреба делницата Крупиште – Кочани од експресниот пат Штип – Кочани.
Со инвестиција од 18,2 милиони евра се гради експресниот пат Штип-Кочани (делница Крупиште – Кочани) во должина од 13,7 километри. Вкупната должина на експресниот пат е 28 километри со инвестиција од 37,3 милиони евра. Новиот експресен пат ќе го скрати патувањето до Штип за дваесетина километри. Вкупната ширина на експресниот пат е 11,4 метри, ќе има четири ленти, по две коловозни од по 3,5 метри и две ленти за застанување од по 2 метри, како и две рабни ленти од по 0,20 метри. Идната максимална брзина на движење на експресниот пат меѓу Штип и Кочани ќе биде 110 километри на час. Изведувач на градежните работи е кинески „Синохидро“ , а Надзор е „Патинвест инженеринг“ АД Софија од Бугарија.
Експресниот пат Штип – Кочани по седум години работа, ќе биде пуштен денеска. Сообраќајот ќе се одвива во времен режим во делот меѓу селото Бања и Кочани, додека целосно не биде поставена сообраќајната сигнализација