Скопје и утринава е меѓу најзагадените градови во светот, а според рангирањето е единствен град од Европа, покажуваат податоците на „Ај-кју ер“.
Според податоците утринава се измерени 178,2 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички, и е 21 , 6 пати над дозволените граници .
Можеби ќе ве интересира: Кои маски штитат, а кои не од загадувањето? Eве какви треба да барате!
Вчера престанаа да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање за загаденост на воздухот во главниот град. Прекинува да важи и одлуката за бесплатен јавен превоз за сите граѓани во Скопје. Од Министерството за животна средина вчера рекоа дека тие само даваат препораки и им помагаат на општините во нивната борба со загадениот воздух.