Според неофицијални информации, седиштето на Мекдоналдс и ја одзело лиценцата за деловно работење во Босна и Херцеговина.
Имено, како што се дознава, експозитурите во Мостар ќе продолжат со работа денеска, додека претходно беше најавено дека сараевските експозитури ќе престанат со работа поради заостанати закупнини, пишува Бљесак.
За потсетување, брендот Мекдоналдс првпат пристигна во Босна и Херцеговина во 2010 година, а беше отворен во Мостар во 2012 година во трговскиот центар Мепас мол.
Првата франшиза во Сараево беше отворена во јули 2011 година.