Со почетокот на 2023 започнува плаќањето туристичка такса во Турција. Одлуката за туристичката такса е донесена во 2019 година, но примената беше одложена поради пандемијата на коронавирусот.
Според прописите, ќе се наплаќа два отсто за сместување во хотели, туристички села, мотели, пансиони, како и туристички тури од туристички агенции.
Ослободени се единствено претставниците на дипломатските претставништва и меѓународните организации кои имаат дипломатски статус.
Според турската туристичка комора, оваа мерка ќе ја ослаби конкурентската позиција на земјата во однос на другите дестинации.