Младиот „претприемач“ Чарли Смит (10) од Нотингем, кој го нарекуваат и „малиот Дел Бој“, успеал да заработи на многу необичен и неочекуван начин.
Што работи? - Тој продава празни шишиња со енергетски пијалоци Prime на eBay.
Пијалaкот, создаден од ѕвездите на YouTube, Логан Пол и КСИ, е новото лудило што се шири низ интернет, со деца и родители кои чекаат на ред пред супермаркетите за да го добијат. Некои продавници дури го продаваат Prime за повеќе од оригиналната малопродажна цена.
Чарли сепак има поинаква тактика. Откако го испил пијалокот од 1,99 фунти, го продава преку сметката на неговата мајка. Од првата продажба тој заработил 12 фунти за пет празни шишиња. И не застанува тука.
Од успешни приказни издвојуваме: “Среќата ги прати храбрите”: Интервју со дамите кои гo донесоа брендот Бaрнер!
Според „Мирор“, ова момче сега инвестира купувајќи шишиња од своите пријатели и врсници на училиште, по една фунта од шише. Неговиот татко Адам Смит (38) бил изненаден од сумата што луѓето биле подготвени да ја платат за празно шише Prime.
Сепак, Адам вели дека оваа ситуација е „нормална“ за Чарли, бидејќи тој е „добар со пари“.
Сакам да бидам бизнисмен кога ќе пораснам“, рекол Чарли кој, инаку, овој енергетски пијалок почнал да го бара уште пред Божиќ, користејќи ја апликацијата Prime Tracker на својот телефон.