Репортажа со убавините и туристичките потенцијали на Охрид беше емитувана на националната телевизија ЕРТ во Грција во рамките на серијалот „Балкан Експрес“.
– Преку квалитетна видео содржина, која беше снимена во текот на минатото лето, во репортажата се зборува за Охридското Езеро како најдлабокото и геолошки најстарото езеро во Европа, за манастирот Свети Наум, а преку епитетот „Ерусалим на Балканот“ прикажани се сите препознатливи цркви, културните знаменитости и староградската архитектура на Охрид, соопшти Општина Охрид.
Во патеписниот материјал, како што е наведено, се зборува и за охридските занаетчиски работилници, фестивалот Охридско Лето и други уникатни карактеристики на нашиот најголем туристички бисер.
ПРОЧИТАЈТЕ: Навала од туристи во Охрид, се очекува да пристигнат 15.000 холанѓани
Дел од репортажата е и Преспанското Езеро, како и Поградец, Лин и Пустец од албанска страна.
извор: www.brif.mk