Сведоци сме дека скоро низ целиот свет постои поделбата на машки и женски професии, но тој случај не важи за Слаџана.
Тоа го има и кај нас, но некои луѓе едноставно сакаат да го побијат тоа и да докажат дека таква поделба не треба да постои и дека секој може да ја работи која било работа доколку има волја.
Една од нив е 39 годишната Слаџана Јакова од Радовиш која таму стана позната по тоа што е едниствена жена возач на камион во јавносто коммунално претпријатие.
Од успешни приказни издвојуваме: Снежана Марковиќ од Горњи Милановац e пример дека во Србија нема поделба меѓу машките и женските работи
Слаџана е главна на четиричлената екипа од ЈП „Плаваја“ од Радовиш и како возач на камион за собирање депонирање и трнаспорт на смет, а без нејзе работата не може да се одвива како што треба.
– Секое сабајле кога ќе почнеме прво добивам цвеќе. Ми стои во камионот и така ми продолжува целиот работен ден.
Возам уште од 10 – 11 години. Прво трактор, после кола па дојде ред почнав и со камион. Кај нас е фамилијарна работа возење, маж, брат сите се шофери.
Пред две години ЈП распишало оглас за вработување возач, но никој не се надевал дека на огласот ќе се пријави и една жена. По пријавата Слаџана била на интервју кај градоначалникот кој веднаш ја вработил затоа што е жена.
– Не верував дека можам јас да бидам на тоа работно место како возач. Сакам да возам камион за таа работа сум заинтересирана.
Не и се веруваше на никој дека се пријавив за таа професија. Тука во Радовиш и нема жена што вози поголемо возило од кола. Нека земат пример од мене. Сега гледам во Радовиш има две жени што полагаат за камион и тоа доста ме гордее мене, вели Слаџана за Сител ТВ.
извор: klaster.mk