Приказната за младото момче од Алабама го воодушеви целиот свет
Валтер Кар требал да започне со работа во фирма за преселување, но еден ден претходно неговиот автомобил се расипал. За да пристигне на време првиот работен ден, Кар решил да пешачи до работа и поминал цели 23 километри. Тој тргнал на полноќ од Хомвуд, Алабама за Пелхам и бил стопиран од полицијата околу 4 часот наутро.
Откако полицаецот ја слушнал приказната, го одвел Волтер на доручек и го пренесол до работното место. Валтер и покрај сите препреки пристигнал прв на работа, поточно подранил час и половина и веднаш почнал со извршување на обврските.
Горд сум што сум дел од тимот во кој е Валтер. Поставивме висок стандард на услуги и тие уште повеќе пораснаа. Едвај чека да му се заблагодарам, напишал Лук Марклин, сопственикот на фирмата.
Шефот дошол дури од Тенеси за да го запознае својот вработен и решил да му подари нов автомобил на Валтер за да може да доаѓа на работа.
Кар им кажал на репортерите дека бил благодарен за добиената шанса за работа.
Ова беше прва работа после подолг период каде што имав можност да бидам вработен. Сакав да им покажам дека сум посветен, вели Валтер.