Мајсторите од ресторанот за брза храна „Pizza Hut“ во Лос Анџелес ја направија досега најголемата пица на светот, составена од дури 68.000 парчиња.
На импровизиран сталак од 16.000 квадрати во Конгресниот центар во Лос Анџелес, десетина работници го ределе тестото во облик на правоаголник, а потоа го филувале со сос, кашкавал и кулен.
Оваа мега пица е печена со помош на посебни машини кои лебдат над тестото.
Дејвид Грејвс, претседателот на „Pizza Hut“, изјавил дека со оваа мега пица покажале дека се лидери во својата работа.
„Ние први почнавме да правиме испораки на пица, вклучувајќи и нарачки преку интернет, а еве и сега го соборуваме светскиот рекорд. Оваа пица ќе биде донирана во локалните банки за храна и поради тоа сме многу задоволни“, рекол Грејвс.