Би можело да ве интересира: Пад на цената на струјата на меѓународните берзи
Бразилскиот и аргентинскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва и Алберто Фернандез во заедничко соопштение објавија дека двете најголеми јужноамерикански земји работат на поцврста економска поврзаност, која би вклучила и воведување заедничка валута.
Проектот првично би бил билатерален, но идејата е иницијативата на крајот да вклучи и други земји од Јужна Америка.
„Нашата намера е да ги отстраниме бариерите што ја попречуваат нашата размена, да ги поедноставиме и модернизираме правилата и да ја поттикнеме употребата на локалната валута. Исто така, решивме да ги унапредиме дискусиите за воведување заедничка јужноамериканска валута која би можела да се користи и во финансискиот и во комерцијалниот сектор, со што се намалуваат трошоците, како и нашата надворешна ранливост“, се вели во објавата.
Во текот на оваа недела во Буенос Аирес ќе се одржи состанок на кој ќе се разговара за тоа како новата валута, за која се предлага името „сур“ (југ), би го зајакнала регионалниот пазар и би ја намалила зависноста од американскиот долар.
Разговорите меѓу Бразил и Аргентина за воведување заедничка валута беа одржани и во 2019 година, но тогаш идејата беше отфрлена од Бразилската централна банка.