Колку сте повеќе уморни, толку повеќе вредите!
Не е тајна дека јапонските вработени се едни од највредните работници во светот со тоа што буквално "работат до смрт". Спиењето на работа во Јапонија е толку вообичаено што постои соодветен збор на јапонски за тоа - "инемури", односно во буквален превод "присутен додека спие". Во Јапонија луѓето се почитуваат кога даваат се од себе до степен на исцрпеност. Затоа, покажувајќи колку сте уморни вие всушност покажувате дека сте вреден работник. Во просек, луѓето во оваа земја спијат по само шест часа.
Кога луѓето заминуваат дома на крајот од работниот ден, тие не ги испраќаат своите колеги со зборовите "имај/те убава вечер". Наместо тоа велат "otsukaresama deshita" или во превод "уморен сте господине". Во Јапонија тоа се смета за најубавото нешто што може да му го кажете на некој.
Окута, фирма за реновирање во близина на Токио, им овозможува на своите вработени да отспијат 20 минути на нивното работно место. Хуго Инк пак, интернет консултантска компанија со седиште во Осака, им овозможува на вработените да имаат 30 минутна дремка секој ден помеѓу 13 и 16 часот.
Д-р Бриџит Стигнер, предавач по јапонски студии, вели дека колку повисоко сте на општествената скала, толку повеќе ви е дозволено да спиете на работа. Д-р Стигнер советува дека не можете само да си донесете перница и прекривка и да заспиете, туку вашата позиција на спиење мора да биде социјално прифатлива. Вашето тело треба да се преправа дека сте активни на состанокот, односно вие треба да имате заземено позиција како да слушате внимателно и само да ја спуштите главата надоле.
Инемури освен во работната средина може да биде направено во речиси секоја социјална ситуација. Во Јапонија никој не се грижи доколку заспиете во кафуле, ресторан, јавен превоз, па дури и тротар.