DS Smith Скопје и Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје засадија 150 сертифицирани садници во повеќе градинки и училишта во градот Скопје и го формираа првиот урбан овошен компаниски парк.
Како компанија - лидер во одржливоста, која секогаш внимава на иднината и има агилен пристап кон постојаните трансформации во светот и опкружувањето, DS Smith Скопје уште еднаш се докажа како позитивен пример за општествено одговорна компанија.
Една од нивните корпоративни вредности е грижата, за клиентите, за нивните луѓе и за животната средина. Континуирано делувајќи во оваа насока, DS Smith Скопје го создаде првиот урбан овошен компаниски парк.
„По повод јубилејот од 75 години од основањето на првата фабрика, ФЗНХ Скопје ни подари 75 сертифицирани садници кои беа засадени во кругот на фабриката DS Smith Скопје. Со тоа нашата компанија стана првата компанија која формира овошен парк, каде покрај придобивки за животната средина, придобивка ќе имаат и самите вработени во компанијата.“
Нивната цел е да направат уште поголема разлика во заедницата на долг рок, па покрај акциите кои во фокусот ги имаат нивните вработени и животната средина, DS Smith Скопје поттикна иницијатива за грижа и едукација и на најмладите во општеството.
„Во месец декември DS Smith Скопје донираше 75 различни овошни садници во повеќе градинки и училишта во градот Скопје. Со тоа нашата компанија покажа одговорно, но и посветено работење, работење кое покажува дека се грижиме за нашата животна околина и за најмладите кои учат во училиштата и градинките во градот Скопје. Акцијата беше спроведена во неколку скопски општини каде беа опфатени повеќе образовни институции. При процесот на садење беа присутни и најмладите на кои од страна на стручните лица од ФЗНХ Скопје им беше објаснет целиот процес на правилно садење на садниците, но пред се и важноста од одговорното и одржливо работење и придонесување за почиста животна околина.“
„Покрај нашето континуирано одговорно одржливо работење со овој чин се приклучуваме на светската кампања: Нашите активности се наша иднина – Возможно е нулта глад во светот до 2030 година.
Со повеќе овошни паркови до нулта глад во светот!“
Заинтересирани сте за работа во DS Smith?
Доколку сте вредни, одговорни, флексибилни, спремни за учење и тимска работа, следете ја компанијата и аплицирајте на некој од огласите за работа во DS Smith или испратете Ваша биографија на следната адреса hr.skopje@dssmith.com.