Магна е водечки глобален добавувач на автомобили и автомобилски делови со повеќе од 161.000 вработени, посветени на испорака на нови решенија за мобилност и технологија што ќе го променат светот. Производите може да се пронајдат на повеќето возила денес благодарение на многубројните производствени капацитети, центри за развој на производи, инженерски и продажни центри кои се лоцирани во многу земји во светот.
Ова е нивниот глобален успех, а што се однесува до нивната локална фабрика, Магна Мирорс Саут-Ист Јуроп - првата дивизија на Магна во нашата држава, која е лоцирана во ТИРЗ во Струга, нивниот главен фокус е производството на надворешни ретровизори вклучувајќи актуатори и жичени инсталации за надворешни ретровизори.
Тимот на Магна од ТИРЗ Струга ги отвори своите врати со цел да ни покаже зошто токму Магна е нивниот избор за работодавач. Погледнете го видеото во продолжение:
Во моментов, Магна вработува на следната работна позиција:
Оператор во производство
линк за повеќе детали и аплицирање