Во Србија бројот на пристигнувања на туристи е зголемен за 18,8 отсто, а на ноќевањата за 12,3 отсто во однос на јануари лани, објави денеска Републичкиот завод за статистика на оваа соседна земја.
Во јануари имало повеќе од 111.000 странски гости, а најбројни биле оние од Русија (14.462), потоа од Северна Македонија (10.383) и Босна и Херцеговина (9.436).
На Копаоник, имено, пад на гости има повеќе од 14 отсто, пад е забележан и на Тара, Фрушка Гора, Стара планина, Голија, додека Златибор има пораст од 24 отсто.
Солидно зголемување на бројот на туристи во текот на јануари имаа и Врањска бања, Луковска и Буковичка, додека во Врњачка, како и во Кањижа, Селтерс, Русанда, Врдник, забележано е намалување на бројот на гости.
Во јануари, во однос на истиот месец од 2022 година, бројот на ноќевањата на домашните туристи е помал за 4,8 отсто, а на странските е поголем за 39,2 отсто.
Србија во првиот месец од годината ја посетиле повеќе од 229.000 гости, а во исто време биле забележани над 793.000 ноќевања.