Над 200 такси возила во главниот град заглавија во бирократските постапки за промена на регистарските таблички во жолта боја.
Претставници на такси компаниите велат дека не можат да добијат лиценца без жолти таблички, а во меѓувреме плаќаат придонеси за фирмите.
-Значи работава е си играат пинг – понг, се препраќаат од една страна до друга и проблемот не се решава, така што имаме многу возила коишто седат дома и не можат да излезат на улица затоа што не можат да ги остварат своите права да извадат лиценца. Законот се донесе во Министерство за економија и затоа бараме во моментов ако не може да се реши да се стави во митување, изјави – Ѓорѓи Мариновски – претставник на 19 такси компании.
Дури се реши проблемот, такси компаниите апелираат да се стави во мирување новиот Закон за патен сообраќај, за да можат во одреден период да добијат лиценци со белите таблички, за потоа да можат да си ги добијат и жолтите. Освен ова се жалат дека проблеми имаат и при регистрирање на возилата.
-Не можеме да работиме вака како што е законот и не можеме да функционираме. Постепено сите компании ќе пропаѓаат заради овие работи, ако има проблем за регистрација на автомобилите. Со бели таблички не даваат лиценци, само со жолтите, е тука е тој проблем. Жолтите таблички МВР не ни ги дава без извод, изјави – Фаик Сулејмани – претставник на такси компанија.
Оваа новина беше донесена во 2019-та по барање на здруженијата за такси превоз, воведување жолти таблици за такси возилата со цел да се постигне ред во такси превозот, односно да се препознаваат лиценцираните и регистрираните такси возила и да се спречи нелојалната конкуренција во оваа дејност. Истата е веќе во важност во дел од останите општини, и таму дел од такси возилата се со жолти регистарски таблички.