За една компанија да го освои пазарот, треба најпрвин да ги освои своите вработени. Водејќи се по оваа констатација, сигурни сме дека пред Жито Маркети се уште многу години успешна работа и среќни вработени!
Добрите менаџери знаат дека треба да ги ценат своите вработени и колку нивното задоволство е клучно за успехот на компанијата. Одличните менаџери и работодавачи ги препознаваат и ги наградуваат добрите вработени, со цел да им дадат признание за вложениот труд, а истовремено и да ги мотивираат и останатите членови на колективот, секој индивидуално да се стреми да напредува и да стане подобар во она што го работи.
Континуирано делувајќи во насока на одлично управување со бизнисот и среќни и задоволни вработени, Жито МАРКЕТИ секојдневно покажува грижа кон својот тим, преку воведување на новитети и модернизирање на работните процеси во насока на прилагодување на современото опкружување, следејќи глобални стандарди.
“Ние ги доживуваме своите вработени како врвен приоритет, настојувајќи секој вработен да биде третиран и почитуван соодветно, да се чувствува како важен дел од компанијата наместо како обичен вработен. Тоа ги мотивира вработените да работат напорно и придонесуваат за задоволство од работата и истото е клучно за задржување во фирмата. Затоа, ЖИТО како компанијата која покажува значителна грижа за своите вработени, константно работи на подобрување на моралот и продуктивноста во рамки на компанијата” - велат од Менаџментот на компанијата.
Нова програма од Жито Маркети - “ИЗБОР НА НАЈДОБРИ ВРАБОТЕНИ”
Жито во новата 2023 година воведе нова бонусна програма “ИЗБОР НА НАЈДОБРИ ВРАБОТЕНИ”. Главна цел на програмата е да се наградат вработените кои постигнуваат исклучителни резултати во работењето, на начин што ќе се измотивираат и останатите вработени за подобрување на нивниот перформанс.
“Секој вработен кој вложува максимум во работењето и се истакнува значително со постигнати резултати, ќе биде соодветно награден од страна на компанијата. Секој месец ќе се избираат различни вработени, согласно резултатите кои ќе ги постигнат маркетите според онапред утврдени критериуми. Ова подразбира дека со програмата се опфатени сите вработени во маркетите и сметаме дека на овој начин ќе ја зголемиме мотивираноста и лојалноста кај нашите вработени” - велат од Менаџментот.
Изборот на најдобри вработени подрзабира избор на најдобри тимови на вработени согласно различните работни позиции или поконкретно, најдобри раководни лица, најдобри тимови на вработени на работна позиција каса, рафт и фрижидер.
За да се направи вистински и релевантен избор на најдобрите вработени, утврдени се низа критеруми за секоја работна позиција засебно, кои се мерливи и соодвестуваат на нивните работни задачи.
Преку месечни мерења на резултатите, секој месец се избираат најдобри вработени кои се наградени со финансиски надомест и се соодветно одбележани со значки кои ја симболизираат нивната успешност.
“И понатаму продолжуваме да се грижиме за нашите вработени и да го вреднуваме нивниот труд, во насока на постигнување компаниски успеси” - велат од компанијата.
За една компанија да го освои пазарот, треба најпрвин да ги освои своите вработени. Водејќи се по оваа констатација, сигурни сме дека пред Жито Маркети се уште многу години успешна работа и среќни вработени!
Следи ја компанијата и биди во тек со сите нови огласи од Жито Маркети