Просечната плата се искачи над 34 илјади денари
Според последните податоци од Завосот за статистика просечната плата порасна на 34,364 денари. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, изнесува 114.8.
Можеби ќе ве интересира: Над 27 илјади административци ќе добијат покачување на плата
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Преработувачка индустрија (20.4 %), Уметност, забава и рекреација (20.2 %) и Административни и помошни услужни дејности (19.0 %). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање (10.4 %), Дејности во врска со недвижен имот (10.2 %) и Уметност, забава и рекреација (8.4 %), – соопштија од Државниот завод за статистика.
Растот на просечната плата се припишува на зголемувањата на платите и во платите во приватниот и во јавниот сектор. Инаку, по сектори, само во ребалансот од минатата 2022 година беа испланирани средства за раст на платите од 15% во правосудството, средното и основното образование и детската грижа, 7% раст на платите во високото образование и 5% раст на платите во МВР и во здравството.
Извор: bankometar.mk