Од регионов или од подалечните краиша од светот? Што ќе биде поисплатливо или кого полесно ќе убедиме да дојде и да работи во Македонија? Колку работници ни требаат? Може ли да се задржат малкуте работници кои останаа во земјава. Ова се клучните прашања на кои со години не можат да најдат одговори стопанствениците но и властите во државава.
Конечно на некој од Владата му текна да разговара за деценискиот проблем со недостатокот на работен кадар во земјава. Работодавачите велат дека веќе е доцна да се гледа на овој проблем само површно. Работата е многу сериозна, за брзо време ќе нема кој да работи во фабриките во земјава. Пред години наназад, одговорите на министерите по основ на прашањето за увоз на работна сила беа дека во Македонија нема општествена клима за тоа прашање, веќе властите самите се свесни дека потребно е да се либерализира пазарот на труд во земјава, велат од Организацијата на работодавачи. Стопнаствениците се на став дека актуелниот закон за вработување на странци е ригиден, и не дозволува голем број на странски државјани да ги пополнат слободните работни места во земјава.
Можеби ќе ве интересира: Баба со деменција со тестаментот го шокирала семејството, еве на кого му оставила 3 милиони евра
Од Владата пак најавија дека со работодавачите и стопанските комори, со заеднички сили ќе утврдуваат, кои сектори од економијата се најмногу погодени од недостатокот на работна сила. Приоритет ќе биде ставен на работниците од регионов, но не се исклучува можноста и за увоз на работници од Кина и од останати други подалечни држави каде „работната рака“ е доста поевтина.
Последниве неколку дена во Агенцијата за вработување има отворено огласи за вработување за речиси 8000 граѓани. Се бара секаков тип на професии, од малопродажба, угостителство, градежни работници, па се до маркетинг менаџери, инжењери, професори, програмери и останати профили чии плати надминуваат и две месечни просечни плати во земјава. Стопанствениците со години алармираат дека многу сектори имаат дефицит на работници, а особено кај техничките дејности, занаетите, но се почесто недостасуваат и вработени во здравството, образованието и во државната администрација.
Извор: denar.mk