Двете големи регионални компании Нелт и Фортенова група на почетокот на 2023 година започнаа со соработка во Северна Македонија, каде Нелт СТ ќе врши логистички услуги и ќе биде дистрибутер на брендовите на двете компании на Фортенова група = Јамница и Дијамант.
Додека Северна Македонија е еден од најважните извозни пазари за Јамница каде ледениот чај Јана е лидер во категоријата, а Јана е меѓу првите пет негазирани води, за брендот Дијамант овој пазар во 2023 година ќе биде едно од стратешките извозни фокуси. Дијамант ќе ја пласира цела лепеза на производи – зејтин, маргарини, мајонези и преливи на база на мајонез, под брендовите Дијамант и Добро јутро.
„Направивме голем чекор напред започнувајќи соработка со респектабилен партнер како што е Фортенова Група. Во согласност со актуелната стратегија на Нелт Група (Accelerate2025), го забрзуваме работењето и особено ни е драго што во нашето портфолио ќе имаме значајни брендови како што се Јамница, Јана и Дијамант“, изјави Сашко Блажевски, извршниот директор на Нелт Група за Северна Македонија и додаде дека искуството и стандардите кои Нелт ги применува во секојдневното работење во својата дистрибутивна и логистичка мрежа гарантира успешна и долгорочна соработка.
„Во наредниот период, преку соработка со Нелт, очекуваме дополнително проширување на нашиот асортиман во маркетите. Очекуваме до крај на годината од сегашните 1.200 маркети да се прошириме во повеќе од 2.000 маркети во Северна Македонија. Важно ни е на македонскиот пазар да се воведат производите кои се помалку познати, а имаат голем потенцијал. Целта ни е со сите брендови кои ќе бидат присутни на македонскиот пазар да достигнеме резултати какви што имаме со Јана и со Јана ледениот чај. Во следниот период на пазарот во Северна Македонија ќе бидеме присутни со скоро целиот асортиман: Јана, Јамница, Јана витаминска, Јана ледени чаеви, Јана со вкус на овошје, Мг Мивела, Сара, Токо, Пропорт и Прогејм“, изјави Дејан Варга, директор за извоз на Група пијалоци во Фортенова група, чиј дел е и Јамница.
Од друга страна, со ова ексклузивно партнерство, Дијамант го зајакнува фокусот на пазарот во Северна Македонија и го зголемува своето присуство на малопродажните полици, што со отворањето на нови фабрики за производство на сирово и масло за јадење во Зрењанин, е најдобар начин за одбележување на овогодинешниот јубилеј од 85 годишно работење.
По повод почетокот на новите соработки, во Скопје се одржаа kick-off состаноци на кои извозните тимови ги претставија компаниите од Фортенова група, нивниот асортиман и брендови, како и плановите за македонскиот пазар.