Бидејќи кучето е обележано со ушна маркичка, што не е карактеристична за нашата држава, од plusinfo.mk известуваат дека стапиле во контакт со колеги-активисти во Косово и добиле потврда дека кучето го поминало хуманиот третман во Приштина, но како стигнало тука остана мистерија, вели одговорот од „Анима Мунди“ за Плус Инфо.
Проблемот со големиот број кучиња-скитници никако да се реши, особено во Скопје. Една од причините е тнр. дислокација на кучиња од едно место на друго. Бездомни кучиња со товарни возила се преместуваат од еден град во друг, а има случаи кога такви кучиња се носат и од други држави, конкретно од Косово.
Жители на скопската населба Волково до нашата редакција се пожалија дека во нивното населено место бројот на бездомни кучиња во последно време значително пораснал, бидејќи, како што ни посочија тоа можеле да го видат и по улиците, но добиле и потврда од ветеринар.
– Добро ги познаваме кучињата во нашата населба кои немаат сопственици, бидејќи редовно ги храниме и им помагаме кога можеме. Пред неколку дена забележавме повредено кученце кое имаше обетка на увото. Откако го однесовме на ветеринар да го прегледа, тој ни кажа дека станува збор за куче донесено од Гостивар, бидејќи чипот што го имало кучето е на јавното комунално претпријатие од овој град –велат жители на оваа населба.
Целиот текст прочитајте го на: plusinfo.mk