Унгарската полиција испраќа нови единици во Македонија и Србија, со цел да се спречи влез на илегални мигранти во Унгарија и на територијата на ЕУ.
Унгарија испраќа 30 полицајци во двете земји, со што ги поддржува активностите поврзани со чување на границите на земјите од Западен Балкан.
На веб-страницата на унгарската полиција е наведено дека главна задача на полицијата е патролирање со цел спречување и откривање илегални мигранти, илегални гранични премини и шверцери на луѓе.
Би можело да ве интересира: Со косовски пасош во ЕУ без виза – Косово доби безвизен режим
„Нашите колеги нема да служат само во непосредна близина на границата, туку и во подалечни области. Екипите ќе патуваат со теренски службени возила, а ќе користат и рачни уреди за ноќно набљудување, како и рачни и мобилни термални камери“, се наведува на сајтот.
Унгарските полицајци ги извршуваат своите должности под контрола и надзор на органите за спроведување на законот во земјата домаќин.