Иако многумина се убедени дека славната фотографија е доработена или целосно вештачка, тоа воопшто не е точно. Ова е приказна за тоа како настанала најпознатата компјутерска позадина на сите времиња.
Чарлс О’Рир е роден во 1941-ва година и повеќе од 25 години работел како фотограф за списанието „National Geography“. Од 1978-ма година неговите интереси се насочуваат на лозја и производство на вино, па фотографирал на оваа тема и снимал ширум светот.
Иако целиот живот се занимава со фотографија, својата најпозната фотографија не ја направил во текот на планирано снимање, туку сосема случајно. Додека возел во автопатот 121 во Калифорнија, Чарлс одлучил да застане и да ја фотографира глетката за која често размислувал.
Неколку години подоцна, компанијата „Microsoft“ му исплатила прилично голема сума за оваа фотографија, но О’Рир никогаш не ја открил сумата. Фотографијата е таква каква што е благодарение на комбинацијата на „Fujifilm“, со засилени бои и одлични оптики на фотоапаратот кој О’Рир тогаш го користел.
Цената на фотографијата не можел да ја одреди сам, па „Microsoft“ му пратил авионска карта да дојде во централата за да преговараат за цената.
Фотографијата на „XP“ системите се прикажува од 2001-ва година, а секојдневно ја гледале повеќе од милијарда луѓе.
Долги години се водела полемика за местото на настанување на оваа фотографија – Ирска, Франција и Нов Зеланд биле можни локации, за на претпоставките да им дојде крајот кога компанијата „Microsoft“ ја открила оваа тајна на „Youtube“.
Пејзажот од зелена ливада, сино небо и само неколку облаци се наоѓа во Калифорнија, во округот Напа. „Направена е во близина на мојот дом, додека одев во посета на девојка, северно од Сан Франциско. Денот едноставно беше таков. Фотографијата не е доработена во Фотошоп. Тревата беше совршена и сонцето сјаеше. На небото немаше ниеден облак, но додека се паркирав и го поставив апаратот, облаците се појавија“, рекол О’Рир. Подоцна ова место е претворено во лозје, а фотографијата која е направена по повеќе од деценија на истото место каде што е направена, покажува сосема поинаква глетка.