Се огласил менаџерот на винотека во Белград, откако на гостинот му ја наплатиле услугата „отворање шише вино“.
Сметката на која е наплатена услуга за отворање шише вино за 400 динари, која извесен Небојша ја објави на Твитер, предизвика лавина коментари од типот „следниот пат ќе ја носам тапата со мене“ и „ќе наплаќаат и за седење на столчиња?“
Меѓутоа, станува збор за услугата „corkage fee“ или како што некои ја нарекуваат „cork“ (плута), која некои белградски ресторани и винарии ја воведоа пред неколку години, а одамна е вообичаена во светот, вели менаџерот на таканаречената белградска винарија Милош Д.
„Винотеката секогаш има пониска цена на пијалоците од ресторанот. На пример, едно шише тамјаника чини 890 динари и тоа е цената ако ја купите и ја однесете дома. Меѓутоа, ако одлучите да пиете вино кај нас, седнете на нашата маса, ако ги искористете нашите чаши и келнерската услуга, за тоа наплаќаме 400 динари и така пишува во ценовникот. Во тој случај кога ќе соберете се, едно шише вино ве чини 1.290 динари, додека во во кој било ресторан ќе треба да платите 3.000 динари за истото. Така, тоа е повторно многу поевтино отколку ако одите во ресторан“, објаснува Милош.
Можете да си донесете и сопствено вино, но и тоа чини пари.
Патем, постојат неколку видови на оваа услуга. Во Русија, Канада, САД, многу европски ресторани можеш да си донесеш шише вино и да го пиеш со мезе или вечера, а ти наплаќаат што не си порачал нешто од нивното мени, а ти користиш чаши и си го пиеш пијалокот во нивниот локал.
Колку ќе се наплаќа за оваа услуга одлучува ресторанот, а може да биде од 150 динари до неколку илјади, во зависност од тоа колку сопствениците проценуваат дека „изгубиле“ затоа што гостинот си го пие пијалокот. На сметката што крена прашина на социјалните мрежи пишуваше „отворање шише вино“, што, како што подоцна објасни винскиот бар и продавницата за алкохол, е несмасен превод на услугата „corkage fee“.
Занимливости
Бела Бајарија беше именувана за главна директорка за содржина на Нетфликс во јануари 2023 година, откако беше на чело на Глобал ТВ од 2020 година, и е задолжена за сè што нуди платформата ширум светот, надгледувајќи го годишниот буџет на Нетфликс од 17 милијарди долари и е одговорна за многу омилени хитови. Иако модерниот, глобално стандардизиран пасош се користи само во последните сто години, идејата за документи кои овозможуваат минување на границите е многу постара. Американската технолошка компанија Ејпл се согласи на спогодба со корисниците кои ненамерно биле шпионирани од нејзиниот гласовен асистент Сири и ќе им плати вкупно 95 милиони долари за претрпената штета, пренесува Ал Џазира Балканс. „Мистериозниот вулкан“ кој еруптираше во 1831 година толку експлозивно што ја олади климата на Земјата конечно е идентификуван од научниците, речиси 200 години подоцна, пренесува Ал Џазира Балканс. За Бадник и Божиќ традиционално домот се украсува со бадниково гранче. Овој симбол го симболизира здравјето, го слави животот и вечната среќа. Во 1950-тите и 1960-тите, лишувањето од сон стана популарен тренд, поттикнат од радио водители кои се натпреваруваа во екстремни рекламни трикови.