Овен
Не реагирајте непромислено и не дозволувајте вашите соработници да ве вовлечат во трачеви. Засега, се наоѓате во улога на набљудувач. Можете да планирате нови проекти, а од ден на ден се повеќе се сложуваат коцките кои вам ви одговараат. Средете ги сите административни работи, а до крајот на викенот ве очекува непланирана финанска добивка.
Бик
Размислете на кој начин да ги искористите вашите контакти и способности. Извесни работи почнуваат да се менуваат и ве тераат да размислувате. Засега не правете некои драстични промени. Соработниците имаат некоји нови барања од вас и тоа вам многу ќе ви пречи. Финансиски полека почнувате да се стабилизирате.
Близнаци
Ги променивте ставовите кога е во прашање работата. Од ден на ден го менувате мислењето за многу работи. Вашиот критички дух ќе привлече внимание на вашите соработници и можни се расправии. Стрпете се и почекајте го крајот на викендот, бидејќи многу работи зависат од вас.
Рак
Вие не сте знак кој е наклонет на големи испади во последно време, па придражувајте се до тоа и во овој период. Можна е нова понуда за работа, но не брзајте најдобро е да почекате малку. Финансиската состојба се подобрува. Сега изгледате многу подобро од кога било.
Лав
Потрудете се овие два дена да ги искористите да прошетка и за максимална релаксација. Наполнете ги добро батериите и поразговарајте со некоја блиска личност во врска со проблемите со кои се соочувате. Во недела поминете го денот со вашиот партнер и целосно посветете му се.
Девица
Викендов е дефинитивно полн погодок за вас. Ви претстојат неколку промени, кои ќе направат да се чувствувате возбудено. Искористете го паметно викендот и отпатувајте до некоја блиска дестинација со пријателите, каде ве очекуваат многу авантури.
Вага
Гледајте се почесто со пријателите и забавувајте се повеќе. Што се однесува на љубовно поле, почнете да преземате иницијатива. Работите нема да ви да паднат од небо ако само чекате. А оние кои се во врска, крајно време е да почнат да размислуваат како повторно да внесат живот во врската.
Скорпија
Викендов ќе бидете амбициозни како и секогаш. Но малку повеќе ќе се фокусирате на семејството и на вашиот привате живот. Престанете толку да се грижите во врска со работата и наместо тоа, отидете една вечер некаде со пријателите и забавувајте се.
Стрелец
Крајно време е да престанете да се грижите да обврските и да почнете да размислувате малку позитивно. Не е крај на светот ако неколку недели по ред не ви се случува нешто за пофалба. Земете ги работите во свои раце. Поканете ја на состанок личноста која ви се допаѓа.
Јарец
Најважните случувања за неделава, ќе ви се токму викендов. Затоа, не чудете се многу на приливот на приход кој ќе го добиете. Наместо тоа, отидете некаде на патување со партнерот. Во последно време премногу се фокусиравте на вашата кариера и затоа немавте време за него. Крајно време е да го ставите партнерот на прво место.
Водолија
Искористете ги овие два дена кога имате повеќе слободно време и погрижете се за работите во вашиот дом. Искористете ја имагинацијата и почнете со освежување со посветли бои кои би му дошле добро и на домот и на вас, секако.
Риби
Подгответе се за неочекувана луда забава! Викендов ќе имате толку убави моменти, што ниедна секунда нема да ви биде досадно. Но, исто така, посвете повеќе време на семејството и одвојте еден ден за пријатен ручек со нив.
srekja.mk