За оваа информација Фактор доби потврда и од „Мтел“, од каде наведуваат дека компанијата успешно ги завршила преговорите за аквизиција на „Неотел“.
Мтел“, компанија ќерка на „Телеком Србија“, која од 2021 година е присутна на македонскиот пазар, го купува телекомуникацискиот оператор во земјава „Неотел“. За оваа информација Фактор доби потврда и од „Мтел“, од каде наведуваат дека компанијата успешно ги завршила преговорите за аквизиција на „Неотел“.
„Во оваа фаза можеме да потврдиме дека согласно нашата деловна определба да обезбедиме подобри услуги за нашите корисници и нашата политика и стратегија за ширење на деловното работење во регионот на Западен Балкан и Европа, успешно ги завршивме преговорите за аквизиција на телекомуникацискиот оператор ‘Неотел’. Но, како што е пракса при ваквите стратешки инвестиции, и согласно законските норми, за комплетирање на целата постапка на преземање неопходно е да се изјаснат и надлежните регулаторни институции во државата. Во интерес на успешно завршување на оваа аквизиција би сакале да ги почекаме нивните конечни одлуки, по што би можеле со целосна сигурност да кажеме дека оваа зделка е заклучена“, се вели во одговорот на „Мтел“.