Основниот, а потоа и Апелациониот суд од Битола- пишува СДК- утврдија дека надлежните не само што не ги извршиле своите обврски во однос на бездомните животни, туку и одговорност и на оштетената ѝ досудија надомест на нематеријална штета од 50.000 денари.
Апелациониот суд од Битола ја потврди првостепената пресуда со која е доделена парична отштета на битолчанка која била нападната и искасана од улична мачка.
Настанот се случил на Нова година во 2021 година додека жената фрлала ѓубре во контејнер на улицата Тошо Даскало во Битола. Адвокатот на повредената Марјан Петровски, кој успеа да го добие судскиот процес, за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека неговата клиентка била нападната ненадејно и повеќекратно од голема мачка, при што ѝ биле нанесени повреди – откинати кожа и месо во дел од раката, а била касната и по нозете. Повредите биле утврдени со медицинската документација и фотодокументација, а биле изработени и вешт наод и мислење од вешто лице, специјалист по судска медицина.
Целата вест е ОВДЕ