Денеска Јапонија за првпат успешно тестираше летечки автомобил со човечки екипаж, а овие возила се очекува да бидат меѓу главните атракции на Светската изложба (Експо), која ќе се одржи во Осака од 13 април до 13 октомври 2025 година.
Тестираното возило се издигна во воздух 10 секунди по активирањето со помош на пропелер, на висина од осум метри, пренесува агенцијата Kyodo.
Возилото се движело наназад, напред, лево и десно, неколку пати свртело и слетало на земја.
Летечкиот автомобил бил управуван од Масатоши Кумагаи, основач и шеф на ГМО, компанија која нуди сајбер безбедносни услуги за такви возила и дронови.
Кумагаи, кој доби специјална обука во САД за летот, по слетувањето рече дека го имал истото чувство „како кога користел конзола за игри“.