Министерството за одбрана објави конкурс за запишување на кандидати со завршен прв циклус на студии за стручно оспособување и усовршување за офицери за служби за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија.
„Ги повикуваме сите млади на возраст до 28 години, со завршен прв циклус на студии по: машинство, електротехника, сообраќај и транспорт, одбрана, безбедност, економски, правни науки, организациони науки и управување (менаџмент), музички уметности и други полиња наведени во овој конкурс, заинтересирани за кариера во Армија на Република Северна Македонија, да се пријават на Конкурсот кој го распишува Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“.
Сите детали за конкурсот, условите и процедурата можете да ги најдете во конкурсот објавен на следниот линк
Извор: 24info.mk