Амбасадата на Република Словенија во Скопје, Стопанската комора на Македонија, Друштвото на словенечки и македонски стопанственици и Економскиот факултет од Универзитет во Љубљана (School of Economics and Business – SEB LU) денеска ќе организираат две панел-дискусии на тема: „Враќање и задржување на домашниот млад високообразован кадар од Република Словенија во Република Македонија...и како“.
- Целта на настанот е изнаоѓање и понуда на перспектива за мотивација на студентите од Република Македонија, коишто студираат во Република Словенија, по завршување на студиите да се вратат во земјата и да ја остварат својата професионална кариера во јавните институции и во словенечките компании кои се дел од бизнис-заедницата во Република Македонија, соопштија организаторите на настанот.