Од Министерството за внатрешни работи информираат дека утре и в недела, поради изведување градежни работи, за сообраќај ќе биде затворена улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, и тоа в сабота со почеток од 8 часот до завршување на градежните работи и в недела во периодот од 7 до 19 часот.
Од тие причини, како што наведуваат, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.