Амазон ќе подели уште 9.000 откази, напиша денеска извршниот директор на компанијата Енди Џеси во порака до вработените.
Кога денешната најава ќе се додаде на претходната рунда отпуштања, која започна во ноември и траеше до крајот на јануари, кога вкупно 18.000 луѓе останаа без работа во гигантот за е-трговија, доаѓаме до фрапантна бројка од вкупно 27.000 затворени работни места.
Раководството на Амазон ја донесе оваа одлука за да ги намали трошоците. Енди Џеси во изјава во име на компанијата рече дека ги зеле предвид финансиите, како и „неизвесноста што постои во блиска иднина“.
Можеби ќе ве интересира: СРБИНКА РАБОТИ НА АЛЈАСКА: Во сезона земаат и до 10.000 долари
Компанијата штотуку ја заврши втората фаза од својот годишен процес на планирање на буџетот, внатрешно наречен „OP2“.
„Главниот принцип на нашето планирање оваа година е да го направиме тоа на начин што ни овозможува да продолжиме да инвестираме многу во долгорочна лојалност на клиентите, што веруваме дека може значително да го подобри квалитетот на животот на нашите потрошувачи“, посочи тој.
Извор: faktor.mk