Европа е во криза на недостиг од здравствени работници што мора брзо да се реши, бидејќи европската популација старее, а бројот на хронични болести се зголемува, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).
„Кризата на здравствената работна сила во Европа повеќе не е закана, таа е тука сега“, рече Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа, според Блумберг. Тој додаде дека здравствените системи се во големи проблеми поради одливот на мозоци и загадувањето од индустриските системи.
Можеби ќе ве интересира: 50 занимања и 50 плати: Еве колку се заработува во Германија, во евра
Клуге зборуваше во Романија, каде што европските земји усвоија план, таканаречената Букурешка декларација, за да помогнат во заштитата и поддршката на здравствените работници, бидејќи штрајковите поради лошите работни услови и недоволните плати продолжуваат низ Стариот континент.
Повеќе од 100.000 лекари и медицински сестри штрајкуваа во Франција од ноември, а минатата година имаше масовни демонстрации во Германија. Во Велика Британија здравствените работници организираа низа акции, а во декември медицинските сестри за првпат во историјата ја прекинаа работата.
Извор: biznisinfo.mk