Во Белгија на возач на Опел Астра му била измерена неверојатна брзина од 696 километри на час.
За наводниот прекршок возачот е казнет со 6.597 евра. Се разбира, тоа беше грешка, но известувањето со казната беше навистина испратено и прво го шокираше возачот.
Тој ја обжали казната, а во меѓувреме полицијата го расветли случајот и потврди дека возачот нема да ја плати сумата напишана на огласот, пишува fenix-magazin.de.
Но, сопственикот на Astra навистина возел пребрзо, но само 10 километри на час повеќе од дозволеното, односно се движел со брзина од 60 наместо дозволените 50 километри на час.
Во соопштението полицијата објасни зошто дошло до грешка.
Шифрата е погрешно внесена кај надлежниот орган“, велат од полицијата.