Останаа само двајца јорганџии, на улицата на јорганџиите во старата скопска чаршија. Еден од нив е Нусрет Агуши, кој со овој занает се занимава уште од детството.
Педесетгодишниот Агуши занаетот го добил од својот уста (мајстор), од кого го добил и дуќанот во кој рачно шие традиционални јоргани.
Тој за порталот Градска.мк вели дека работата ја работи со цело срце иако има малку работа. Според него, во последно време доаѓаат луѓе и ги поправаат старите јоргани кои ги наследиле од роднините.
„Се трудам да ја додадам мојата креативност на стариот занает за да имаме малку поголема продажба“, вели Агуши.
Според него, на туристите многу им се допаѓаат јорганите и перниците што ги правиме, но поради нивната големина не можат да ги купат.
Тој е загрижен бидејќи можеби е последната генерација што се занимава со овој занает, неговите деца го знаат занаетот, но немаат интерес да работат на него бидејќи нема никаква корист.