Интересна мапа споделена на Instagram и TikTok ја покажува просечната возраст на која младите го напуштаат домот на своите родители.
Црногорците имаат најмногу години кога го напуштаат родителскиот дом, а просечната возраст според споменатата карта е 33 години. За разлика од Црна Гора, Швеѓаните најрано се осамостојуваат, во просек на 17 години.
Кога станува збор за Босна и Херцеговина, просечната возраст на која тие го напуштаат домот на своите родители е 30 години, а истата просечна возраст важи и за Италија и Португалија.
Можеби ќе ве интересира: Работници нема ни за лек – каде отидоа? Отидоа каде што ги плаќаат колку што треба
Земајќи ги предвид податоците за другите европски земји, Македонија е меѓу земјите на врвот на листата - односно оние во кои младите ги оставаат родителите најдоцна.
Младите во Македонија во просек го напуштаат родителскиот дом токму на границата на „млади“ – 28 години. Иста е ситуацијата во Албанија, Грција и Бугарија, додека во Хрватска просечната возраст за независност е 32 години, а во Србија 29.
Меѓу земјите каде младите најрано го напуштаат домот на своите родители се претходно споменатата Шведска со просек од 17 години, потоа Норвешка со 20, Данска со 21, Финска со 22, потоа Белгија, Исланд и Естонија со 23.
Извор: kajgana.com