Власта не излегува со план како да се задржат сегашните работници во земјава, во услови на голем одлив на квалификувани кадри. Синдикатите бараат големи промени во пензискиот систем, а бизнис заедницата можност работникот да продолжи со работа преку старосната граница.
Егзодусот на работници од Македонија во Западна Европа не покажува знаци на намалување. Во обид да се запре бранот, синдикатите бараат сеопфатна реформа на пензискиот систем, како и ревизија на Законот за работни односи и на колективните договори во јавниот и во приватниот сектор. Тие тврдат дека само со решавање на овие критични прашања земјава може да се надева дека ќе ја задржи својата работна сила и ќе го спречи одливот на мозоци што ги одзема најдобрите и најпаметните, пишуваат од Радио Слободна Европа.
„Ако зборуваме за градење на домашна економија и задржување на младите, мора да бидеме свесни дека треба да се обнови кадарот кој го имаме во државата, бидејќи заминуваат се повеќе високообразовани и висококвалификувани, а особено заминуваат работници од секторите угостителство и туризам, и од секторот градежништво кој гради туѓи економии по високоразвиените западноевропски земји“, вели за РСЕ Иван Пешевски - потпретседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за приватен сектор.
Синдикатите потенцираат дека пензиската реформа во Македонија не треба да значи зголемување на старосната граница, поради што во повеќе европски земји во моментов се одржуваат протести на работниците.
Целиот текст прочитајте го на: slobodnaevropa.mk