Од неодамна се слуша дека на Германија и недостигаат околу 2 милиони професионалци, иако во исто време има над 2 ипол милиони невработени. Затоа што не секој експерт лесно ќе најде работа во оваа земја.
Германската економија не оди толку лошо: ерата на пандемијата се чини дека е веќе заборавена, војната во Украина и дополнителните трошоци веќе некако се интегрирани во деловното работење, нема страв за судбината на локалните банки… Но, економските експерти и институти постојано укажуваат на најголемиот проблем: демографијата и недостатокот на експерти.
Но, ништо не е толку едноставно: иако работа бараат и 25 илјади чистачки, особено академиците од општествените науки генерално тешко ќе најдат работа. Овој март во Заводот за вработување имаше речиси 57.000 стручњаци од разни видови маркетинг и пропаганда. Ниту на уметниците не им е лесно – на берзата моментално се регистрирани околу 40.000 уметници од различни видови, меѓу кои и 167 волшебници кои не можеле ниту да извлечат работа од капата.
Можеби ќе ве интересира: Сакате работа во Хрватска - Еве кои плати и услови ги нудат Хрватите!
Исто така често се слуша дека на Германија и недостасуваат добри занаетчии. И тоа зависи каде се бара работата и за која професија се работи: на пример, во моментов работа бараат над 18.000 шминкери, 11.000 работници на сува градба, 86.000 мајстори за одржување на инсталации во згради…
Сепак, и покрај тоа што многу се зборува за побарувачката на експерти во ИТ секторот, според статистиката на германската агенција за вработување, работа бараат околу 50 илјади ИТ професионалци. Со оглед на написите во медиумите и изјавите на надлежните, изгледа неверојатно дека на берзата има и околу 13.000 медицински сестри и 6.000 негувателки за стари и изнемоштени лица. Вкупно 95.000 луѓе од медицинските професии бараат работа во Германија.
Ова е особено видливо во делот за статистика за речиси 193.000 невработени на „работни места во менаџмент на компанија или организација“, бидејќи има и 117.000 секретарки и вработени во канцеларија. Во логистика и складирање има околу 40.000 невработени, работа бараат и речиси 20.000 фризери, а вистинската катастрофа е во трговскиот сектор, и на мало и на големо: има над 200.000 невработени.
Можеби ќе ве интересира: Недостигаат работници во Куманово, ќе се бараат и од Филипините
Но, некои детали во статистиката на Заводот за вработување е навистина тешко да се објаснат: економистот на Институтот во Келн укажува и на недостигот од специјалисти за транспорт, особено машиновозачи. Тоа редовно се слуша и од менаџерите во шпедитерскиот сектор, дури и во јавниот превоз, дека е „невозможно“ да се најде возач. Во исто време, на Берзата има околу 160.000 возачи, најмногу за камиони.
Во секој случај, пред некој воопшто да тргне во оваа земја, не е лошо да се погледне статистиката на германската канцеларија за вработување, какви експерти навистина се потребни.
Извор: denar.mk