Нелт СТ, како членка на Нелт Група во Северна Македонија, оствари нова соработка и од 01.04.2023, врши дистрибуција и логистика на целото портфолио на компанијата Chips Way, со нивните добро познати брендови на солени грицки. Со ова партнерство македонскиот пазар ќе има можност за прв пат да ги запознае сите производи на оваа компанија.
Северна Македонија е еден од најважните извозни пазари за Chips Way, каде чипсот е еден од најпродаваните производи во својата категорија. За останатите производи од нивното портфолио, овој пазар ќе биде во фокусот со зголемување на присуството на целиот асортиман на полиците во малопродажба.
“Започнуваме соработка на обострано задоволство. Наша заедничка цел е да го дистрибуираме целото портфолио на Chips Way и да го зголемиме бизнисот во Северна Македонија. Ова е голем предизвик за нас, но и привилегија“, истакна Сашко Блажевски, извршен директор на НЕЛТ СТ.
По повод почетокот на соработката, во Скопје се одржаа настан на кои тимовите на НЕЛТ СТ и Chips Way го презентираа продажниот асортиман и заедничките планови за освојување на пазарот.
“Соработката со Нелт во Македонија беше една од нашите клучни цели за 2023 година. Особено ни е драго што со ова партнерство за прв пат ќе ги претставиме сите производи од нашето портфолио. Сакаме категориите флипс и пуканки да ги постигнат истите резултати како како што ги имаме со чипсот“, истакна Лука Јовановиќ, генерален директор на компанијата Chips Way.
Сакаш да станеш дел од тимот на НЕЛТ? Следи ја компанијата!