Вработените во железници Инфраструктура денеска ја очекаат исплатата на втората половина од февруарската плата.
Веќе десетина дена трае штрајкот на машиновозачите и машинскиот персонал, кои ја бараат втората половина од февруарската плата, известуваат од Телевизија Телма.
Би можело да ве интересира: Бесплатен ноќен превоз во Белград, најави градоначалникот
Нема никаков проток на стоки од и до Скопје, поради што компаниите дневно губат по 100 илјади евра. Апелраат за што побрзо решавање на проблемот и потсетуваат дека според колективниот договор мора да има минимален проток на патници и производи. Проблемот е сериозен се прелева и во соседството каде компаниите бројат милионски загуби.