Aмериканци кои патуваат по светот открија што им се случило во Македонија. Одри и Хари се двојка од САД која посетила дури 69 држави.
На нивната Фејсбук страница, The Budget Savvy Travelers, тие редовно ги информираат своите следбеници за нивните патувачки авантури, а во една од нивните последни објави го опишаа нивното искуство од Македонија.
„Отидов во Македонија и нарачав хамбургер со помфрит, и го добив сето ова“, напиша тој.
Со фотографија покажа дека добил месо, гравче тавче, помфрит и зеленчук во чинија. Но, бидејќи Американецот напишал Македонија, повеќе грчки граѓани му сугерираат дека се работи за Северна Македонија, а некои од нив дури употребија и термин Вардарска Македонија.
Извор: faktor.mk