Тајванската компанија „Јагео“ и официјално влегува во Република Македонија.
Вчера во Тајван беше потпишан договор за инвестиција вредна 205 милиони евра која треба да отвори околу 4 000 работни места во земјава.
Компанијата ќе отвори производствени погони во ТИРЗ Скопје 1 и во ТИРЗ Штип, а како што беше најавено вчера, изградбата на првиот погон ќе почне во јули годинава во скопската индустриска зона за што генерално ќе бидат ангажирани локални фирми.
„Јагео“ ќе произведува резервни делови за автомобилската индустрија и за т.н. зелена енергија. Оваа фирма ќе произведува и делови за „Тесла“ и Епл“.