Од идната учебна 2023/2024 година се очекува спроведување на нов концепт во наставната програма за учениците во шесто одделение кои во еден предмет-природни науки ќе изучуваат повеќе предмети.
Тоа се биологија, хемија, физика и географија. Новиот концепт, откако беше објавен од страна на Бирото за развој на образованието наиде на силна осуда од страна на јавноста, но реагираа и наставници, кои ценат дека ваквиот начин на настава може да им ги загрози работните места.