Годинава Косово ќе го напуштат повеќе од 1.000 медицински сестри. Од 220 медицински сестри кои годинава го напуштиле Косово, 40 отсто работеле во јавно-приватниот сектор.
Претседателот на Синдикатот на косовските медицински сестри Перпарим Бериша денеска изјави дека годинава се очекува повеќе од 1.000 медицински сестри да заминат во земјите на Европската Унија.
„Според податоците, повеќе од 2.200 медицински сестри се на курсеви и имаат договори со германската држава“, изјави Бериша за приштинските медиуми.
Тој вели дека земјите како САД, потоа Холандија и другите членки на ЕУ почнале да примаат медицински сестри од Косово. Егзодус на медицински работници има и од други земји. Македонија и Србија не се имуни. Дури, имаше случаи од претходните години кога Хрватска бараше лекари за дел од нејзините острови каде бројот на пациенти е мал.
Извор: faktor.mk