Во рамки на манифестацијата за доделување на Награди за најдобри работодавачи, Витаминка ја доби наградата Најпосакуван работодавач за 2022 година меѓу македонските компании за производство на храна.
Наградувањето и изборот за најпосакуван работодавач меѓу силна конкуренција значи дека Витаминка е компанија каде високо се ценат човечките и професионалните квалитети.
„Вреднувањето на вработените во Витаминка започнува со градењето на меѓучовечките односи така што функционираме како големо семејство каде секој вработен е рамноправно ценет и вреднуван. Создадовме одлични услови за работа, можности за личен и професионален напредок, бројни поволности и бенефиции за вработените, но и грижа за здравјето и добросостојбата на вработените со спроведување здравствени прегледи, продолжено породилно отсуство и други мерки со кои се зголемува задоволството кај вработените и се стимулираат семејните вредности. Како дел од ова наше семејство секој вработен претставува најголема вредност. Затоа и понатаму ќе продолжиме да бидеме тоа што сме денес, да го зголемуваме нашето Витаминка семејство и да станеме подобри и поголеми. Оваа награда е поттик да го надминеме постигнатото“, истакна Симона Симоновска, шеф на маркетинг во Витаминка на доделувањето на наградите.
Наградите најпосакуван работодавач се доделуваат врз база на три критериуми: Број на посети на огласите и објавите на сајтот Вработување.ком, покажаниот интерес од страна на апликантите и јавно анкетно истражување спроведено на сајтот Vrabotuvanje.com.mk.