Доколку не сакате да го полните вашиот мобилен телефон секоја вечер, тогаш треба да практикувате некои од следниве трикови кои ќе ви обезбедат зачувување на батеријата и ќе направат истата да трае подолго.
Затемнете ја осветленоста на екранот или користете автоматска осветленост
Повеќе од било која друга компонента на вашиот телефон, осветленоста на екранот ја троши вашата батерија со голема брзина. Најдобри резултати ќе добиете доколку светлоста ја намалите до оној степен до кој ви е удобно и можете нормално да работите на него. Верувајте, овој чекор драстично ќе ви го продолжи животот на батеријата.
Чувајте го затемнувањето на екранот кратко
Во менито за подесување можете да ја најдете опцијата "времетраење на екранот", "спиење" или нешто слично, зависно од телефонот. Со оваа опција вие го избирате времето потребно за вашиот екран да остане осветлен по последната извршена акција. Секоја секунда е од голема важност, па најдобро е да го поставите вашето време на најкратката опција што телефонот ви ја нуди. Доколку екранот ви е поставен на 2 минути, размислете за намалување на таа бројка на 30 секунди или помалку.
Исклучете го вашето WI-FI
Како и bluetooth, така и wi-fi мрежата ја празни батеријата. Логично, се препорачува секогаш кога немате потреба од интернет конекција да не го оставате вашето wi-fi вклучено. Покрај GPS, wi-fi е тоа што најмногу влијае на времетрањето на батеријата на еден телефон.
Не оставајте апликации да работат во позадина
Можноста да работат повеќе апликации во исто време е моќна функција на паметите телефони. Секоја апликација која ја користите користи дел од процесорските циклуси на вашиот телефон, притоа драстично трошејќи ја батеријата. Со исклучување на оние апликации кои не ги користите во моментот вие ќе ја намалите работата на процесот, а со тоа и потрошувачката на енегрија.
Не користете вибрации како опција
Вибрирањето користи повеќе енергија отколку што тоа го прави рингтонот. Ѕвонењето треба само да направи мала мембрана во звучникот на телефонот за да произведе звук. Спротивно на тоа, вибрацијата користи повеќе енегрија за да направи телефонот да вибрира.
Овозможете режим за заштеда на енергија
Овој режим може да спречи апликациите да се ажурираат во позадина, да го затемни вашиот екран, да го намали поставувањето на тајмаут на екранот, да ги оневозможи анимациите на екранот, како и да ги исклучи вибрациите. Режимот се вклучува кога нивото на батеријата се наоѓа на 20%, но можете да го поставите да се активира и кога бројката ќе достигне 30%. Колку порано телефонот ќе се префлри на овој режим, толку подолго ќе трае батеријата.