Под мотото The Power to Win is in the Team германската фабрика Маркарт го отвори овогодинешниот летен Тим Билдинг кој беше организиран на 7-ми септември
Целта на тим билдингот беше вработените да се идентификуваат со својата компанија преку т.н Company Identity работилница, изразувајќи ја својата креативност и припадност кон Маркарт Македонија.
Во тимски дух, беше избран победнички слоган Switch Yourself To Perfection од страна на тимот 9 кој го сочинуваа повеќе од 20 вработени и истиот ќе биде од големо значење во натамошниот развој на компанијата во Македонија.
Вработените имаа можност да го покажат и својот спортски дух преку Тим Билдинг игри, каде што со здружени сили се бореа да го донесат својот тим до победа. Како најуспешни на тоа поле се покажаа припадниците на тимот 1.
Со исто темпо, забавата продолжи и после натпреварите со добра музика и одлична атмосфера до раните утрински часови.
На тим билдингот на Маркарт Македонија учествуваа вработените од производство и администрација