Последните показатели на Агенцијата за вработување говорат дека заклучно со март, во земјава имало 108.675 невработени лица. Тоа значи ново значајно месечно намалување на бројката на невработени, и тоа за 1.831 невработен пишува Фактор а точно е и дека од месец во месец бројката на невработени се намалува.
Но, таа сеуште не може да стигне до најниската бројка што постоеше пред да се разгори пандемијата на коронавирусот, кога се вртеше околу 100 илјади невработени, а во неколку месеци во 2018 година се спушти и под таа граница и беше нешто над 91 илјади невработени. Секако, треба да се има предвид дека „коронските“ затворања на објекти доведоа до раст на невработеноста, па таа го достигна пикот во февруари 2021 година, искачувајќи се на близу 160 илјади невработени, но потоа, благодарение и на владините мерки, почна да се намалува. Сепак, засега не се спушта под 100 илјади, иако приватниот сектор буквално „моли“ за работник повеќе.
Немањето работници стана се почест тренд а решение изглед нема посебно заради тоа што често се одбива работа и не се работи било што.
Во интервјуто за Фактор пак претседателот на Собранието на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров, решението го гледа на сосема друга старана па вели.
„Значи, многу голем знак прашалник е дали таа бројка од 108 илјади невработени е реална. Дури, прашање е дали вистинската невработеност е 10 отсто од таа бројка. Зошто инаку постојано имаме огласи со девет до 10 илјади отворени работни места, зошто тие не би се пополниле ако имаме толку многу невработени. Многу од директорите на Агенциите за вработување говорат дека кога работници бараат инвеститорите во ТИРЗ-овите, ако се бараат на пример, 200 до 300 работници, дали ќе се јават двајца или тројца“, вели Димитров.
Тој се прашува зошто државата не го прифаќа неговиот предлог, а тој е Агенцијата за вработување, доколку некој од невработените не го добие за да му понуди работа, веднаш за тоа да го извести Центарот за социјални работи, а нивните инспектори веднаш да излезат на терен и да го проверат тоа лице, дали е дома или дали работи некаде на црно. Доколку работи на црно треба да се ангажира Државниот инспекторат за труд, а тоа лице би требало да ја изгуби социјалната помош“, смета Димитров.
Според него, само на тој начин државата ќе има прецизна слика за тоа дали и колку невработени навистина имаме, и колку всушност имаме недостиг од работна сила.
Тој смета дека доколку се прифати овој негов предлог, многу од работоспособното население ќе се врати на пазарот на трудот, и тоа ќе се искористи многу попродуктивно.
Целиот текст ТУКА