Покачувањето на платите на функционерите кој дојде како подарок од Уставниот суд, зголемени за 78% ќе ги добиваат се додека не се изгласа нов Закон за плати. Додека многу категории на вработени со минимална плата добија покачување од само 2 илјади денари месечно, иронично е што оваа сума функционерите ја добиваат дневно.
Од ССМ велат дека овој јаз го револтира секое семејство во државата.
„Четиричлено семејство со две минимални плати не може да ги покрие основните трошоци за живот за еден месец, иако минималната плата веќе е зголемена за 2.000 денари. Додека платите на функционерите се зголемени за речиси 80%, преточено во пари, тоа значи дека тие имаат повеќе од три минимални плати“, велат од ССМ.
Премиерот Ковачевски призна дека има неусогласеност со јавните плати покрај функциите и позициите во државните институции. Тој нагласува дека сите овие прашања треба да се усогласат во Собранието со изгласување на измени и дополнувања на Законот за плати со кои би се регулирале сите прашања за нивелизирање на платите.
Државните функционери почнувајќи од претседателот Пендаровски, претседателот на Собранието Џафери и премиерот Ковачевски, според Законот, сега добиваат плати од 156 илјади денари до 165 илјади .Следуваат платите на претседателот на Уставниот суд и замениците претседатели на Собранието, кои имаат коефициент 4 и сега ќе земаат плата од околу 140.000 денари, а претходно земале 80.000.