Во земјава има 155 јавни претпријатија (ЈП) и најголем дел од нив – 113 – се јавни претпријатија за комунални дејности. Токму овие ЈП за комунални дејности опфаќаат и најголем број на вработени – скоро 9.900
Во јавните претпријатија во земјава се вработени 17.240 лица, а најмногу вработени апсорбираат ЈП за комунални дејности. Споредбената анализа на податоците од Регистарот за јавен сектор покажува дека во 2022 година во однос на 2021 бројот на вработени во сите ЈП е намален за 906.
Дел од ЈП спаѓаат во институции со голем број на вработени. Повеќе од 500 луѓе работат во дел од државните ЈП и оние формирани од Град Скопје како што се МРТ, Национални шуми, ЈП Железничка инфраструктура, ЈСП, Комунална хигиена, Водовод и канализација. Не само што се истакнуваат според бројот на вработени, јавните претпријатија во однос на министерствата, обвинителствата, општините, регулаторните тела, агенциите и јавните установи, се први и според најголема просечна возраст на вработените.
„Доколку се анализира просечната возраст по вид на институција, може да се забележи дека најголема просечна возраст од 49,05 години има кај јавните претпријатија“, се наведува во новиот извештај на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).
Дури 31,5 отсто од вработените се на возраст од 56 до 64 години, а 35,6 отсто на возраст од 46 до 55 години, додека 32,7 отсто се на возраст од 18 до 45 години. Според степенот на образование во јавните претпријатија, доминантни - со 58,71 отсто, се вработени со средно образование, а 23,90 отсто се со основно образование. Во ЈП лани имало само 0,03 отсто вработени со звање доктор на науки
целиот текст е на МЕТА